Дали ми треба веб сајт? – 10 причини зошто социјалните мрежи не се доволни!

Share This Post

Share on facebook
Share on linkedin
Share on twitter
Share on email

Можеби мислите дека не ви е потребен веб сајт, дека Facebook страницата е доволна. Дека е голема, непотребна инвестиција. Дека треба да сте технички добро потковани за да го раководите. Дека ќе ви одзема премногу време. Дека ќе нема ефект. Во продолжение се наведени 10 причини зошто следната ваша инвестиција треба да е токму веб сајт.

1. Вашиот бизнис ќе добие на кредибилитет

Ќе направи да се изделите од конкуренцијата. Вашите клиенти го бараат вашиот веб сајт кога одлучуваат. Перцепцијата на купувачите кога не успеваат да го пронајдат веб сајтот на вашиот бизнис е дека сеуште сте мал неразвиен бизнис кој нема го достигнато тоа ниво.

2. Не секој е на социјалната мрежа каде што сте вие

Вашиот веб сајт е вашата дигитална бизнис картичка. Бројот на Facebook профили секојдневно се намалува, Instagram расте, Snapchat беше “бум”, а сега згаснува… Трендовите се менуваат, а тоа најмногу ќе го почувствуваат компаниите кои ексклузивно се промовираат на социјалните мрежи. Социјалните мрежи се одлична алатка за поврзување со клиенти, но не и дигиталниот “дом” на вашиот бизнис и бренд.

3. Алгоритмите се менуваат постојано

На почетокот на 2018 Facebook, на почетокот на 2019 Instagram. Со менување на алгоритамот за news feed и organic reach, социјалните мрежи дополнително (и намерно) го намалија влијанието кое можеме бесплатно да го оствариме на овие медиуми. А со ова, како што можете да претпоставите и цената на платени реклами е покачена. Со сигурност можеме да тврдиме дека ова нема да се последните промени.

4. SEO

Ова веројатно е најважна причина зошто му треба веб сајт на вашиот бизнис. SEO(Search Engine Optimization) преставува серија на операции, внесување на одредени параметри и запазување на клучни стандарди при градење на вашиот веб сајт. Ова е една од карактеристиките која ги изделува добрите од лоши веб сајтови. Oваа таканаречена оптимизација овозможува вашиот веб сајт да се појави во првите страни од релевантни пребарувања на Google. Поедноставно кажано, кога клиентите ќе бараат продукт или услуга која Вие ја нудите, Google ќе им врати резултати во кои вашата компанија ќе биде помеѓу првите сугестии. Овдека социјалните мрежи имаат незначаен ефект.

5. Вие ја контролирате приказната

На социјалните мрежи немате контрола врз тоа што се зборува за Вас. А со тоа и идентитетот на вашиот бренд е креиран од она што го кажуваат посетителите на вашата страница на социјалните мрежи. За разлика од тоа на вашиот веб сајт Вие ја контролирате содржината и се претставувате на начинот на кој Вие сметате дека му прилега на вашиот бизнис.

6. База на податоци

Со вашиот веб сајт имате можност да собирате најразлични податоци од вашите клиенти. Во замена за попуст, информација или совет кој ќе го понудите бесплатно, за возврат ќе добиете мејл адреса или телефонски број на посетителите на веб сајтот. Овие мејл адреси овозможуваат директно, евтино рекламирање. На сличен начин може да го искористите телефонскиот број на посетителите за промовирање на продукти и услуги преку Viber.

7. Рамо до рамо со “џиновите”

Кога се во прашање веб сајтовите, бизнисите можеме да ги поделиме во 3 групи:

Бизниси со добар веб сајт
Бизниси со лош веб сајт
Бизниси без веб сајт

Ова е поле со нај израмнети сили, поле каде вие одлучувате како ќе изгледате пред клиентите. Со добро дизајниран веб сајт ја имате можноста да се претставите како најдобрите од вашата индустрија. А со тоа и да се поврзите со клиентите кои досега ве немаат забележано.

8. Многу повеќе информации достапни за вашите клиенти

На вашиот веб сајт имате можност да ги промовирате сите вредности со кои вашиот бизнис се одликува. Основање и историја на вашиот бизнис. Детален опис на производ и услуга. Повеќе можности за поврзување. Блог со кој ќе ги едуцирате клиентите за вашиот производ или услуга. Можностите се огромни.

9. Цените се пониски од кога и да е

Споредено со било каков друг маркетинг, вашиот веб сајт е нај исплатлив начин на поврзување со вашите клиенти.

10. Онлајн продавница

Да не ја заборавиме можноста за онлајн продажба. Ова значи никогаш повеќе да не ги затворите вратите на вашиот бизнис, можност за продажба секој ден во секое време. Е-комерцијата во Македонија е сеуште на ниско ниво, но секојдневно се активират нови онлајн продавници и со сигурност можеме да тврдиме дека ова е иднината на бизнисот и трговијата.

Доколку веб сајт е следниот чекор за вашиот бизнис, контактирајте нѐ на следниот линк! Нашите веб дизајнери Ве очекуваат!

ПОБАРАЈ ЦЕНА

Subscribe To Our Newsletter

Get updates and learn from the best

More To Explore

Do You Want To Boost Your Business?

drop us a line and keep in touch