Логото претставува првата работа која купувачите ќе ја сретнат кога ќе му пријдат на вашиот бизнис. Токму поради ова треба да се погрижиме овој симбол на најдобар начин го презентира нашиот бренд и она за што се залагаме. При избирање на тип на лого во предвид потребно да се земат неколку параметри кои ќе ни помогнат да го избереме она што најдобро би функционирало за нашиот бренд:

  • Доколку имаме продукти, како ќе изгледа логото на нив.
  • Како ќе изгледа на рекламни материјали
  • Како ќе се вклопи во целосниот брендинг на вашата компанија
  • Дали ќе биде запаметливо
  • Какви чувства ќе побуди (секоја боја и форма поттикнуваат различни емоции)

Со цел да бидат задоволени сите барања и вкусови постојат неколку различни видови на логоа. Секој вид е специфичен и со јасно одредена цел и задача. Ова се 5те главни групи на логоа:

Wordmark

  

Најзастапени се логоата составени од еден или два збора. Воедно овој тип на логоа е нај практичен за мали и нови компании, затоа што логото  е составено од името на компанијата. Поради ова е лесно запаметливо и визуелно уникатно. Бидејќи логото е составено само од букви, целта на дизајнерот е типографски да го долови карактерот на вашиот бренд. Бојата, формата, аголот на буквите, аголот на целиот дизајн, фонтот кој се користи, сите овие фактори имаат удел во карактерот и емоциите кои ги буди логото.

Доколку е пак рачно цртано(hand-lettered), можностите за оригиналност се бескрајни. Овие логоа се склопени без употреба на фонт, поради што опциите за манипулација со формите ги прават уникатни и незаборавни.

   

Monogram

Монограм претставува лого составено од 1-4 букви. Вообичаено тоа се иницијалите на личност/и или почетните букви од името на бизнисот. Монограмот е воедно и типографски симбол на вашата компанија. Овој тип на лого вообичаено се користи кога името на компанијата е премногу долго, тешко за изговарање или едноставно незапаметливо. Многу е попрепознатливо NASA отколку National Aeronautics and Space Administration.

 

(National Aeronautics and Space Administration, Detective Comics , Roger Federer, Coco Chanel)

Комбинација

Овие логоа претставуваа комбиниран идентитет од wordmark и симбол или monogram и симбол. Целта на овие логоа е можноста на користење на целото лого или дел од истото – само симбол или само букви. Ова го практикуваат компаниите кои имаат голем асортиман на производи и услуги, поради што различен дел од логото функционира добро на различен продукт или медиум.

Brandmark

Овој тип на лого се состои само од дадена форма, без текст. Brandmarks се делат на две групи:

  • Pictorial – симбол лого кое има за цел да асоцира на некаков начин на брендот

 

(Twitter – птичја песна, Shell – школка, Apple – јаболко)

  • Abstract – овие логоа се составени од апстрактни геометриски форми. За разлика од pictorial, апстрактните логоа потешко можат да презентираат опис на бизнисот или да го доловат името на вашиот бренд. Со помош на различни форми и боја се гради целосното значење и емоција на брендот.

 

Brandmark лого претставува идентитет составен од форма или слика. Ваквиот тип на логоа се применуваат за веќе етаблирани брендови или компании со огромен маркетинг буџет. За мала или нова компанија ова претставува претешка задача.

Амблем

Амблемите претставуваат текст (текст и графика) вметнат во форма, со што се добива симбол. Традиционално гледано амблемите се познати и како значка или печат. Со овие логоа може да се постигне безвременски дизајн и иконичност на вашиот бренд. Единствен проблем е комплицираноста и малите детали кои ги содржи. Поради што не би функционирал на мали површини и продукти.

 

Се надеваме дека овие информации ќе ви помогнат да го изберете вистинското лого за Вас, и одлучите начинот на кој можете да го претставите вашиот бренд во најдобро светло. Доколку имате било какви прашања или се двоумите кој тип на лого би одговарало најдобаро за вашиот бизнис, контактирајте нѐ овде  Ќе ни биде задоволство да Ви помогнеме во градењето на вашиот бренд!