Што всушност е Google My Business ?

– Google My Business претставува алатка за уредување на Business профилот на вашата компанија во склоп на Google пребарувачот и Google Maps. Вашиот Google Business профил овозможува да бидете пронајдени Вие и вашите производи при релевантни пребарувања од страна на потенцијални клиенти. Ако се земе во предвид маркетинг ефектот на оваа алатка и тоа дека е целосно бесплатна, Google My Business треба да е приоритетна маркетинг активност особено доколку имате мал или среден бизнис. За нов бизнис кој цели на локални клиенти GMB е најлесниот и највлијателен начин на поврзување со нив.

Како до вашиот Business профил?

Најпрво што треба да направите е да го присвоите
и потврдите вашиот Google My Business профил. Следно пополнете ги сите релевантни информации за вашиот бизнис кои Google ќе ги побара од вас. За почеток ова ќе овозможи вашиот бизнис профил да биде регистриран во резултати од релевантни пребарувања на Google. Со малку повеќе труд за поставување и внесување на точни информации и неколку квалитетни фотографии кои ќе ги доловат духот и уникатноста на вашите производи и услуги, ќе креирате огромен маркетинг ефект и раст на Google рангирањето.

Објави

Основен и наједноставен начин за искористување на Google my Business се објавите. GMB Post претставуваат објави кои имаат најширока и разновидна намена. На нив може да гледаме како комбинација од Facebook објава и реклама. Со помош на GMB објавите може да споделите најразлични информации во вид на новости, промоции, намалувања, купони, happy hour,  настани, собири и слично. GMB објавите најдобро функционираат во комбинација со фотографија и краток опис на истата.

Фотографии и видео

За оние бизниси кои нудат услуги и производи кои најлесно би ги промовирале со графички пораки во вид на фотографии и видеа, Google My Business нуди најразлични опции. Освен фотографиите од вашите клиенти кои ги ставаат во вид на review, имате можност да го дополните GMB профилот со фотографии од производи, услуги кои ги нудите, ентериер, ценовници и мениа. Неколку видеа кои ќе ја дополнат сликата за вашиот бренд ќе им бидат од огромна корист на вашите клиенти.

Закажување

Доколку вашиот бизнис работи врз основа на закажување (прегледи, резервации, термини и сл.) тогаш GMB може да ви биде од голема помош. Активирајте ја опцијата за закажување и овозможете им на вашите клиенти поедноставено и подобрено искуство. Оваа алатка е со можност за интеграција со веќе постоечки систем софтвер за закажување.

Информации и комуникација

Начинот на кој ќе го претставите вашиот бренд на Google My Business е од голема важност, затоа искористете ги добро сите можности кои ви се понудени. Business description е полето каде во неколку добро осмислени реченици изнесувате краток опис на целта на вашиот бизнис или кратка историја доколку сте повеќегодишен бизнис.

Доколку нудите некаков вид на услуги, какви што се нудат во фризерски и козметички салони, студија за печатење,
берберски салони, фотографи и слични бизниси со конкретен ценовник на услуги, тогаш Service/Menu додатокот на GMB ќе ви биде од огромна помош. Потенцијалните купувачи најчесто се одлучуваат за бизниси каде не би биле изненадени од преголема цена или лош производ. Затоа добро искористете го ова поле и на вашите сегашни и идни клиенти овозможете им полесен начин да бидат запознаени со цените и услугите како и со промените на истите.

Уште една новост која ја воведе GMB е комуникација со пораки, како и Q&A оддел, кои имаат за цел да ја подобрат поврзаноста помеѓу клиентите и вашиот бренд.

Секако не заборавајте да одговарате на пораките кои ги оставаат вашите клиенти во вид на reviews, ова можеби е најважната и најзапоставената активност од страна на раководителите на Google My Business профилите. Начинот на кој одговарате е секогаш позитивен и заблагодарувачки, особено на негативни коментари за вашиот производ, услуга или цена. Полоша стратегија од конфронтација со клиенти со негативни коментари не би можеле да изберете. За ова повеќе во некоја наредна статија.

Доколку би сакале да читате повеќе статии поврзани со маркетинг и промоција на вашиот бизнис оставете ги вашите контакти и ќе бидете навреме известени.

Сакам да добивам известувања за промоции, новости и совети

Доколку би сакале да читате повеќе статии поврзани со маркетинг и промоција на вашиот бизнис оставете ги вашите контакти овде и ќе бидете навреме известени.