Search engine optimization на веб страница
Оптимизација на пребарување е процес на подобрување, односно зголемување на волуменот и квалитетот на сообраќајот кон една мрежна страница. Притоа, овој процес се остварува преку природни, бесплатни органски или алгоритмички трикови, за разлика од други форми, како што е маркетингот на алатки за пребарување за кој треба да се плати определена цена. Теоријата вели дека колку една страна побрзо или повисоко се пласира во списокот на резултати, толку повеќе ќе добие посетители, односно сообраќај. SEO може да таргетира различни типови на пребарувања како што се пребарување на слики, локално пребарување, видео пребарување и индустриски специфични вертикални пребарувања. Акронимот SEO стои за search engine optimization односно оптимизација на алатките за пребарување, термин усвоен од индустријата на консултанти, кои ја извршуваат оптимизацијата во корист на клиентите, и од страна на вработените кои извршуваат SEO услуги.