Големите онлајн компании и технолошки стартапи со својата иновативност ни овозможија поедноставено и подобрено онлајн искуство, за разлика од тоа се потрудија маркетинг терминологијата да звучи покомплицирано и по неразбирливо од кога и да е. Ако се ослободиме од сите “модерни” маркетинг термини тогаш остануваме со два вида на маркетинг: оној чија цел е да “слушнат за нас” и оној кој е осмислен да го наведе купувачот да врати одговор во вид на интерес за она што го нудиме. Односно сѐ се сведува на брендирање и маркетинг со директен одговор. Кој маркетинг најдобро би одговарал на вашиот бизнис или каква комбинација од двата зависи од видот на пазарот, и каква е целта на вашиот маркетинг.

Брендирање

Брендирањето е насекаде! Повеќето ТВ реклами и рекламни банери на веб сајтовите, билбордите на прометни улици, сите промотивни материјали со принт на лого. Сѐ што има за цел да го изведе идентитетот на вашиот бизнис пред што повеќе луѓе претставува брендирање. Целта на овој вид маркетинг е да ги наведе луѓето да се сетат на вас при првата намера да купат производ или услуга. На хартија звучи добро, но во реалност секогаш има некој кој инвестира повеќе во овој вид на маркетинг или компанија која е на пазарот многу подолго од вашата. Поради ова повратокот од инвестицијата во брендирање е премногу мал и незадоволителен. За да се постигнат позначајни резултати потребно е подолго време константно инвестирање и без очекувања на преголем ефект во почетните фази, нешто што најголем дел од малите и средни бизниси не се во можност да си го дозволат. Ова е начинот на кој вршат маркетинг најголемите светски брендови: Coca Cola (Open Happiness), Nike (Just Do It), Apple (Think different), LG (Life’s Good) и слични мулти билионски компании  кои имаат неограничен маркетинг буџет. Препознатливост, квалитет, врвна услуга, традиција, иновативност, трајност се вредностите кои се најчесто промовирани при брендирање. Ова е стратегија која функционира за веќе етаблирани брендови кои на овој начин го заштитуваат уделот на компанијата на пазарот. Безмалку секоја нова, мала или средна компанија во желба да искуси од успехот на ултра успешните светски гиганти, ја применува нивната маркетинг стратегија. Наместо нови клиенти и огромен успех, сѐ што добива е клише реклама со низок ПНИ (повраток на инвестиција). Сите нудат “најквалитетно на пазарот”,”најдобро”, “проверено”, “најниска цена на пазарот”, а за крај “дојдете и уверете се”. Ваквиот маркетинг е само уште еден глас во вревата од “нај”.

Маркетинг со директен одговор (Direct response marketing)

Целта на овој вид на маркетинг е дадена во самото име, да врати резултат веднаш. Direct response marketing е многу конкретен, со прецизно таргетирана група на купувачи и со една цел, да оствари продажба или еден од чекорите за остварување на продажба.

Одредете го вашиот Target Market

Ефектот на ваквиот маркетинг лесно се следи, лесно се подобрува и приспособува кон секоја група на купувачи. Доколку вашиот производ е специфичен за одредена група на купувачи ова е нај исплатливиот начин на промовирање на истиот. Многу помал маркетинг врз погрешни клиенти значи повеќе средства за “бркање” на потенцијални клиенти кои имаат интерест за она што го нудите.

Која е вашата порака за вашиот Target Market

За ваквиот маркетинг да функционира потребно е да нуди некаква вредност за купувачот: промоција, специјална понуда, купон или било каква порака што би го привлекло вниманието и би го навело потенцијалниот купувач да “одговори” на истата во одреден временски период. Вредноста која би ја промовирале на потенцијалните клиенти не треба да е на грб на вашиот профит, класичен попуст од 10% или 25% значи баш тоа – привлекувате клиенти а за возврат го намалувате вашиот профит по производ. Постојат доста креативни решенија и кампањи кои функционираат без намалување на цените, а најдобрите успеваат и со покачување на истите.

Како ќе ја пратите пораката до вашиот Target Market

Последниот чекор од фазата на привлекување на клиенти е одредување на медиумот со кој ќе посегнете по нивното внимание. Со веќе одреден Target Market треба да определиме на кој начин најточно и најефективно, а со тоа и најисплатливо може да им пристапиме на потенцијални клиенти. Во моментов Facebook е платформата каде секојдневно имаме пристап до вниманието на најголем дел од нашите клиенти. Со Facebook Ads Manager имаме најразлични опции за таргетирање на сакана публика и сегментација на клиенти. Освен тоа имаме можност да раководиме и со нашата Instagram реклама. Сево ова го прави Facebook за наш идеален избор. Постојат повеќе начини за праќање на вашата порака, тестирајте и одредете го начинот кој најдобро одговара за вашиот бизнис.

Освен купување, рекламата може да го наведе купувачот да остави важни податоци какви што се е-мејл, телефонски број и адреса кои понатака ќе овозможат уште попрецизен и ефективен маркетинг. Најдобар показател за ефектот на маркетинг со директен одговор во Македонија може да забележите во стратегијата на Студио Модерна и поконкретно Топ-Шоп. За тоа колку функционира ова, може да прочитате во оваа статија на faktor.mk. Не е правило дека треба да нудите супер добри блендери или најмекиот душек на пазарот за да добиете позитивни резултати од Маркетинг со директен одговор, со малку креативност и визија секој бизнис може да достигне нови врвови.

Доколку саката да дознаете повеќе за Брендирање или Маркетинг со директен одговор закажете консултација на линкот подолу.

⇒ Закажи бесплатна консултација ⇐