Доколку Facebook е мрежата каде најголем дел и од вашите купувачи се тогаш имаме неколку совети кои ќе ви овозможат на бесплатен начин да го зголемите бројот на корисници кои ја следат вашата Facebook страница. Како што знаеме Facebook постојано ги изменува алгоритмите кои одредуваат колку можеме бесплатно да посегнеме по нови корисници. Затоа долунаведените примери можат да Ви бидат од голема корист и Ви помогнат да го зголемите бројот на корисници кои Ве следат. Овие не се единствените начини за бесплатна промоција на вашата Facebook страница, но според нас се најлесни за извршување и инкорпорација во вашите секојдневни маркетинг активности.

1. Искористете ја мрежата на пријатели која веќе ја имате.

Чекор број 1 за зголемување на бројот на корисници кои ја следат вашата страница, нешто што поголем дел од вас веќе го имате направено е искористување на врските кои веќе ги имате.

      • Поканете ги вашите Facebook пријатели да им се допадне(like) вашата страница.
      • Пратете email со URL од вашата страница до сите контакти од вашиот email адресар.
      • Споделете URL од вашата страница на други социјални мрежи од кои сте дел.

2. Ставете URL од вашата страница во вашиот email потпис

Зошто да не го искористиме секој пратен email за промоција на нашата Facebook страница. Постои опција на вашиот Gmail или Outlook да вклучите мала порака на крајот од секој ваш пратен email. Со вметнување на URL од вашата Facebook страница имате бесплатна автоматизирана реклама со секој пратен email.

 

3. Напишете блог статија поврзана со вашата дејност

Наједноставен начин на зголемување на вашата публика е да понудите некаков вид на вредност за нив. Секојдневното “бомбардирање” со понуди, попусти и новости создава ефект на здодевност во веќе преголемата бучава од слични објави. Бидете оригинални, објавете мал текст, видео или неколку слики чија намена ќе е да им помогнат на вашите купувачи:

      • Упатство за користење на ваш производ
      • Едуцирајте ги за бенефициите на вашите услуги
      • Начинот на кој ги извршувате вашите дејности
      • Било каков совет кој ќе им биде од помош на вашите читатели

4. Ставете fan page widget на вашата веб страница

Доколку имате веб страница или блог, fan page widget-от е одлична алатка за зголемување на бројот на фанови на вашата Facebook страница. Секој што ќе ја посети вашата веб страница ќе дојде до знаење дека имате Facebook страница и само со еден клик ќе стане дел од вашата публика.

 

5. Ставете го URL-то на вашата бизнис картичка

Визитка или бизнис картичка претставува мал збир контакт информации за нас или нашата компанија. Овие контакт информации секојдневно ги споделуваме со клиенти или потенцијални клиенти. Зошто да не им дадеме до знаење дека имаме Facebook страница, активни сме на истата и доколку би сакале да бидат во тек со сите наши настани и информации, на картичката можат да ја најдат адресата од истата.

6. Промовирајте преку вашиот личен профил

Скоро секој сопственик гордо ќе ја изложи на својот приватен профил Facebook страницата на својот бизнис. Но доколку сакаме да го искористиме ова како стратегија за промоција, би можеле да најдеме Facebook групи каде се дискутира на теми релевантни со нашиот бизнис и занимање. Овдека би можеле со нашето знаење и стручност да решиме нечиј проблем или да понудиме решение со нашиот продукт а со ова да добиеме уште еден верен муштерија и многу следбеници на нашата Facebook страница.

7. Со помош на вашиот тим

Објаснете им на вашите вработени дека и тие можат да бидат дел од вашата маркетинг стратегија. Доколку сакаат да учествуваат во градењето на публика на вашиот бренд можат да стават линк до компанијата за која работат и да споделуваат дел од објавите од вашата Facebook страница.

8. QR код

QR кодот е измислен во 1994 година од страна на Denso Wave –  Јапонска компанија од транспортна индустрија. Првичната намена на овој код бил за интерна употреба во компанијата за полесна идентификација на делови и следење на производството. Оттогаш наваму употребата на овој код се пренесе во секоја индустрија. QR кодот има капацитет за поголем збир на информации од бар кодот поради што има најразлични примени. Доволно е само да биде скениран со смартфон а истиот има широк спектар на способности, меѓу кои и да ве одведе до сакана страница со помош на URL. Овој код можеме да го ставиме на нашите продукти, промотивни материјали, инвентар или било каде што би бил виден од потенцијални клиенти, а со тоа и добиеме на нова публика на нашата Facebook страница.

(скенирај за демонстрација)

      • Бонус

Анализирајте кој е вашиот пост со најмногу реакции, од истиот може да извлечете индикации за тоа што функционира кај вашата публика. Дали тоа е слика, текст или видео. Дали се тоа информации за продукт, услуга, екстериер, ентериер или информација со одредена цел. Истражете кое е времето кога вашата публика е најактивна, општо правило е дека од 9 наутро до 11:30(прва пауза на работно место) корисниците на Facebook се најактивни. За викенд луѓето имаат повеќе слободно време, а причина плус е тоа што мал број на компании се активни преку викенд со што имате помала конкуренција во news feed-от на вашата публика. Потсетете ги вашите фанови доколку сакаат да не пропуштат некоја од вашите промоции и вредни информации да ја вклучат опцијата да добиваат нотификации секогаш кога ќе објавите содржина. Објавувајте релевантна содржина редовно. И најважно од сѐ – комуницирајте со вашата публика, одговарајте на сите прашања и имајте позитивна реакција на секој коментар.