Секој сопственик на профил на некоја од социјалните мрежи имал искуство со поставување на некаква слика или графика на истата. Социјалните мрежи, особено Facebook ни дозволуваат безмалку секаква големина и размер на нашата слика. Се што треба да направиме е да прикачиме нешто што нам ни се допаѓа, а вградениот editor во социјалната мрежа ќе се погрижи за останатиот дел. Ова допринесе да Facebook биде преплавен од пикселизирани слики, развлечени портрети, screenshots од Facebook и Instagram story. Освен што сето ова изгледа непривлечно, понекогаш е и нечитливо и нејасно. Секој од нас има сретнато флаер кој едноставно не може да биде прочитан и каталог со цени кои само можеме да ги нагодуваме. Ова е водич за оптимална големина на слики за Facebook, Instagram и Twitter. Секоја од социјалните мрежи има пропишани правила за големина и размер на слика за која и да е намена (реклама, настан, покана, профилна и сл). Иако можеме да избегаме од овие правила, следењето на истите ни овозможува поповолен третман од алгоритмите на социјалните мрежи. Квалитетни слики кои ги следат зададените параметри на дадена социјална мрежа имаат тенденција да бидат прикажани во news feed на повеќе корисници.
Facebook бизнис страница:
Профилна слика:
Минимум 180x180px
Сликата се прикачува во форма на квадрат со размер од 1:1
Прикажана е во форма на круг.
Кавер:
Минимум ширина 400px
Минимум висина 150px
Идеална 820х360px
Максимум големина на фајл 100KB
RGB/JPG формат
Ако е во прашање лого или текст тогаш PNG е најдобар формат.
Слика на споделен линк:
1200х628px
Споделена слика:
1200 x 630 px
Максимум висина 1800px (сѐ повеќе од тоа ќе биде исечено)
Препорачан размер 1.91:1
Слика за настан:
1920 x 1080 px
Минимум висина 150 px
Минимум ширина 400 px
Размер 16:9
Профилна слика:
180x180px
Сликата се прикачува во форма на квадрат со размер од 1:1
Прикажана е во форма на круг.
Споделена слика:
1080x1080px
Идеален размер 1:1
Дозволени
1080x1350px размер 4:5
1200x628px размер 1.91:1
Но истите ќе бидат исечени во размер 1:1 кога ќе се прикажани како thumbnail.
Максимум големина на фајл 30MB
Instagram story:
1080x1920px
Размер 9:16
JPG или PNG
Максимум големина на фајл 30MB
Профилна слика:
400x400px
Сликата се прикачува во форма на квадрат со размер од 1:1
Прикажана е во форма на круг.
Споделена слика:
Идеална големина 1024x512px, Размер 2:1
Максимална големина на фајл 5MB, 15MB за GIF
Хедер слика:
1500x500px