Секој сопственик го сака најдоброто за својот бизнис, неуморно работи, го развива и инвестира постојано. Покрај финансиските средства, времето инвестирано е огромно, особено доколку е мал или среден бизнис. Неретко сме единствен или највреден работник во нашата компанија. Поради оваа причина речиси никогаш не се наоѓа време за споредна активност каква што е маркетингот. Во недостиг на време за едуцирање на оваа тема, или развивање на маркетинг стратегија, се посегнува по веќе проверени маркетинг активности кои не резултираат со некој позначаен ефект. Имавме прилика да разговараме со поголем број на бизнис сопственици на оваа тема. На нашето прашање “што всушност е целта на вашиот маркетинг?”, најчестите одговори беа

“Луѓето да слушнат за нас”,
“Да го засилиме нашиот бренд”,
“Искрено не знам” – и вакви одговори имаше.

Од сите овие одговори добивме впечаток дека за овие компании маркетингот претставува само уште еден месечен трошок – луксуз наменет за поголемите и похрабрите.

И ние имаме реклама!

Огромен процент од компаниите инвестираат средства и време во маркетинг само затоа што сите конкуренти го вршат истото, иако нема конкретни резултати од истиот. Во страв од испуштање на потенцијални клиенти и заостанување на пазарот:

 Се пуштаат бесконечно долги радио реклами со преку 30 продукти и услуги на попуст (научно докажано дека во просек една личност може наеднаш да запомни најмногу до 7 броеви).
 Се печатат промотивни материјали кои освен што поттикнаа навики какви што се: 6 календари еден врз друг (ретко кој има доволно ѕидови за сите календари ) и никогаш повеќе да не се купува запалка или пенкало (за новогодишните празници се прави залиха за цела година) некој позначаен ефект и немаат.
Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од низок квалитет, флаери со графика која служи за потсмев и логоа “дизајнирани” за 15 минути.
Веб страни со застарени WordPress теми, линкови кои водат до никаде и некомпатабилни додатоци (widgets) кои најчесто се нефункционални.

Погрешна стратегија

Постои дел на бизниси кои посветуваат големо внимание на маркетингот. Редовно ги одржуваат профилите на социјалните мрежи, гордо го изложуваат логото на  најголемите билборди, на своите клиенти им подаруваат прекрасни нотеси и пенкала. И покрај тоа што се е направено правилно, повратокот на средства од оваа инвестиција е доста низок, а понекогаш и негативен. Причината зошто ваквиот маркетинг во најголем случај не функционира е затоа што тоа е маркетинг со  брендирање. Ова е маркетинг стратегијата на мулти билионски компании какви што се Coca Cola, Nike, Apple, Sony и слични компании чие влијание на светскиот пазар е

неспоредливо со било какво влијание на мал или среден бизнис. Целта на овој вид на маркетинг е заштитување на уделот на пазарот. Брендирањето претставува долгорочна маркетинг стратегија, која не враќа близу никакви конкретни резултати и за да е успешна чини повеќе од целосната вредност на вашиот бизнис. Што е уште полошо, по извесен период голем дел од малите и средни бизниси утврдуваат дека ваквиот маркетинг народски кажано е пари фрлени во магла, по што прекинуваат со истиот, со што се губи целосниот ефект од “Луѓето да слушнат за нас” маркетингот.

Како до резултати веднаш

Ако сте како најголем дел од бизнисите со кои работиме, вашиот маркетинг буџет е ограничен и ни приближно доволен за branding маркетинг стратегија. Начинот на кој мал или среден бизнис би добил најголем повраток на средствата инвестирани во маркетинг е маркетинг со директен одговор(direct response marketing). Маркетингот со директен одговор има за цел да врати резултати во вид на клиенти на најбрз можен начин, лесно се следи ефектот на истиот и е со можност за подобрување и приспособување кон даден пазар. За ова поконкретно и повеќе во следната статија.

Доколку би сакале да читате повеќе статии поврзани со маркетинг и промоција на вашиот бизнис клик овде!

Сакам да добивам известувања за промоции, новости и совети